| четврток, 6 декември 2018 |

Смешно но вистинито: севернокорејски војници подготвени да се удават за лидерот Ким Јонг Ун

Државната телевизија во Северна Кореја пред неколку дена објави видео од лидерот Ким Јонг Ун за време на посета на воена база на која се гледа како севернокорејските војници хистерично скокаат по нивниот водач „воодушевени“ од неговата посета. Лудилото оди до таа мерка што тие во намера да покажат дека слепо го следат неговиот пат влегуваат во вода со униформи, и трчаат по чамецот со кој заминува лидерот. Тој пак, како на ефтин филм, им мафта со раката за да ги одврати од сигурна смрт. Видеото кое е смешно за остатокот од светот, делува многу сериозно во оваа изолирана земја каде тешко дека некој би се осудил да се насмее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top