Една од невообичаените туристички атракции на карипскиот остров Сент Мартен е плажата Махо на која авиони секојдневно слетуваат буквално над главите на туристите.
Причина за ова е што плажата се наоѓа веднаш до аеродромот „Принцеза Јулијана“. На „Јутјуб“ е објавено едно видео на кое „од прва рака“ може да се види како изгледа кога патнички авион ви прелетува над главата. На снимката е прикажан и авион на компанијата КЛМ, кој при слетувањето се спуштил толку ниско над плажата Махо, што некои од туристите ги турнал на земја.
Поради ваквото несекојдневно доживување, плажата Махо станува сѐ популарна, бидејќи голем број туристи доаѓаат не само за сончање, туку и да го искусат чувството со прелетот на авиони над главата. Очекувањето на прелетите станало толку популарно што околните барови и кафулиња поставиле екрани на кои ги објавуваат термините за полетување и слетување на авионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.