Во овој период од годината, книгите се задолжителен прилог во детските новогодишни пакетчиња, но и прекрасен подарок за повозрасните. Но, и во текот на годината, книжарниците во Скопје нудеа богата програма, средби со автори, промоции. Еве што најмногу се читаше, што најмногу бараа читателите…
– Во „Феникс“ најбарани наслови од странските автори и понатаму се нобеловката Херта Милер со романот „Животни во срцето“, претседателот на САД, Барак Обама и неговата книга „Смелоста на надежта“, како и книгата за деца „Во стравот е големиот страв“ од Даниела Божиќковиќ-Радуловиќ. Додека од домашните автори тоа се книгите „Детето во мене“ од Љубе Цветановски, „Поетското и прозното творештво за деца на Славко Јаневски“ од Стана Смиљковиќ и романот „Славејот што пееше ноќе и сам“ од Христо Петрески – вели петрески од „Феникс“.
Во „Или-Или“ најчитана домашна авторка е Лидија Димковска, а во „Матица“ -Блаже Миневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија


