| четврток, 6 декември 2018 |

Eдна година подоцна – Шумахер седи и гледа во Алпите по цел ден

Новинарот Алберто Сабатини во италијанскиот спортски весник „Кориере дело спорт“ тврди дека седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, им реагира со очите на своите блиски.

– Добрата вест е дека не лежи по цел ден и не е затворен во соба. Го ставаат да седи веднаш до прозорецот и гледа во Алпите по цел ден. Очите му беа отворени иако неговиот поглед често се губи. Ги движи само очите бидејќи друго не може – пишува Сабатини.

Целта на часовите пред прозорецот е Шумахер да ја зајакне мозочната активност во перцепцијата на природата и да ги држи своите мускули во подготвеност, штитејќи ги од атрофија.

На 29 овој декември помина точно една година од скијачката несреќа на првакот во зимскиот центар Мерибел во Франција. Тој веднаш со хеликоптер беше префрлен во болница, а подоцна поради крвавење во мозокот беше ставен во вештачка кома. Во болницата во Гренобл беше до септември оваа година, а се наоѓаше во кома 189 денови. Потоа беше префрлен на рехабилитација во Лозана, Швајцарија, а во моментов Шумахер се рехабилитира во својот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top