Снежната стихија што ја зафати северозападна Бугарија во текот на вчерашниот ден однесе три жртви.
Тешко болна пациентка почина во возилото на Брза помош на пат кон Лом откако поради големите количества снег предолго чекала медицинска помош. 56-годишен маж починал во својот автомобил завеан од снег во близина на Алтимир, а друг маж бил затрупан од снежната виулица во дворот од неговата куќа во село во близина на Лом.
Станува збор за 90-годишен и изнемоштен старец кој отишол во тоалетот кој се наоѓал во дворот, паднал во снегот и не успеал да стане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


