Почна новата скијачка сезона на скијачкиот центар „Копанки“ на врвот Пелистер.
Од „ЕЛЕМ турс“ – Скопје и скијачкиот центар „Копанки“ соопштуваат дека терените за скијање се подготвени, а ски-патеките исчистени, уредени и обележани.
„Жичницата Бегова Чешма и ски-лифтот се комплетно сервисирани, вклучително кошниците и сидрата. Во поглед на безбедноста, извршени се редовните контролни мерења и добиени се сертификати за техничка исправност. Како и секоја година, така и оваа, спроведени се сите технички подготовки и активности за непречен почеток и тек на престојната скијачка сезона“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.