Српскиот пејач Бане Мојичевиќ, кој во неделата победи во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, доби уште една причина за славење. Тој го очекува второто дете напролет.
– Така убави работи не треба да се кријат. Терминот за породување е напролет и навистина сме пресреќни – открил Мојичевиќ.
Бане и неговата сопруга Милица веќе го имаат синчето Радош, кого го добија на почетокот од годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


