Нинослав Марина досегашен ректор на Државниот универзитет по информатички технологии Свети Апостол Павле во Охрид, е разрешен од оваа функција на која се наоѓаше од септември, 2012 година.Од универзитет велат дека одлуката била донесена после скандалот со незаконскиот избор на Марина за редовен професор и после незаконскиот избор за ректор на Универзитет по информатички технолгии Свети Апостол Петар во Охрид, пренесува дневниот весник Дневник.
“Утврдено е дека бил со наставно научно звање насловен доцент со што ги довел во заблуда членовите на тогашниот Сенат, преку давање на изјава дека прифаќа да биде ректор, иако не ги исполнувал законските и статутарните одредби за таа позиција, односно немал наставно научно звање редовен професор“, велат од Универизтет Свети Апостол Павле.
Од Сенатот на Универзитетот информираат дека во неговото досие кое го доставил до универзитетот не можело да се најде нострификација на неговата диплома за титула доктор на науки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.