| четврток, 6 декември 2018 |

Пола Македонија во предупредувачка жолта фаза поради ниската температура

mapa stud

Во три региони во Македонија денеска се очекува пониска температура која ја дефинира жолтата, односно предупредувачка фаза, соопшти денеска Министерството за здравство повикувајќи се на најавата на метеоалармот на Управата за хидрометеоролошки работи.

– Станува збор за следниве три региони: Охрид – Преспа, Полог – Порече и Осогово – Малешево, а во зависност од регионот температурата ќе се движи во следниов интервал: од – 10 до – 17 Целзиусови степени, особено во утринските часови – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Ниската температура во овие региони се очекува до крајот на неделава.

Од Министерството за здравство посочуваат дека граѓаните од целата земја, а особено од градовите Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Берово… треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од ниска температура, како што се: носење топла облека и соодветни обувки за снег или мраз, редовно консумирање топли напитоци, избегнување подолг престој на отворено, освен ако не е неопходно, како и внимателно движење по лизгави површини.

– Во согласност со препораките, посебно треба да внимаваат ранливите категории од населениете, како што се повозрасните и хроничноболни лица, кои покрај почитувањето на општите препораки, треба и редовно да ја земаат пропишаната терапија – се вели во соопштението од Министерството.

Детални информации за појавата на студени бранови континуирано се достапни на веб-страната http://www.studenibranovi.mk/.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top