| четврток, 6 декември 2018 |

Kапетанот на „Норман Атлантик“ последен го напушти фериботот

burning-ferryКапетанот на фериботот „Норман Атлантик“, што вчера се запали во Јадранско Море, последен го напушти бродот, откако заврши евакуацијата на 478-те патници и членови на екипажот.

B6Ai_jUCEAIaJXRАрџилио Џакомаци го напушти бродот во 14:50 по локално време, објави на Твитер италијанската крајбрежна стража. Шеесет и двегодишниот капитен чекал да биде евакуиран и последниот член на екипажот и последниот патник, пред да го напушти оштетениот ферибот.
-

Во меѓувреме италијанската крајбрежна стража објави дека се откриени уште две тела. Италијанскиот министер за транспорт Маурицио Лупи изјави дека бројот на загинати достигна осум лица, а 427 се спасени, вклучувајќи 56 членови на екипажот.
captain29e

Грчката крајбрежна стража соопшти дека судбината на 38 лица се уште е непозната. Спасувачи го пребаруваа фериботот, кој беше опфатен од пожар во Јадранското Море. Во оригиналниот список на патници на бродот фигурираат 478 лица, вклучувајќи патници и екипаж.
image

Лупи изјави дека рано е да се шпекулира дали ќе има се уште исчезнати луѓе, но е можно да има лица, кои резервирале место на фериботот, но не биле на бродот. Властите го споредуваат списокот со имиња на 427 спасени.
_79964102_025230081-1

Италијанските власти добиле од Грција предлог да бидат испратени службеници на грчката противпожарна служба за помагање на напорите при пребарување на фериботот.

477a4b24626c3038ce08226938d9a5e0

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top