| четврток, 6 декември 2018 |

Додека ја чува кралицата, шмрка кока: Мајорот заборавил дека е на должност (ВИДЕО)

major_1000x0

Мајорот Џејмс Калеби е снимен како шмрка бел прав од церемонијалниот меч во палатата Сент Џејмс и тоа додека е на должност, пренесува „Сан“ (видеото можете да го погледнете на линкот).

Снимката ја направил 27-годишниот поручник Чарлс Мекин и потоа по грешка му ја испратил некому од персоналот, а тој им ја продал на медиумите.

На снимката се гледа и како 27-годишниот капетан Алекс Ричи со картичка повлекува линија на мечот, а потоа и мајорот кој се наведнува и шмрка.

На снимката се слуша и дел од разговорот меѓу капетанот и мајорот: „Колку ти треба? Два инчи? Два инчи ти треба од ова? Ако повлечеш два инчи, ќе бидам импресиониран.“ (2 инчи = 5,08 сантиметри)

За време на инцидентот сите тројца биле на должност и против нив е поведена истрага во минситерството за одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top