| четврток, 6 декември 2018 |

На аукција првата снимка на Елвис Присли од 1953 година

elvis'myhappinessacetateНа 8 јануари на 80-годишнината од раѓањето на славниот Елвис Присли, на аукција во Грејсленд ќе биде понудена првата снимка на починатиот пејач.

Аукцијата на плочата снимена во студиото „Сан рекорд“ во Мемфис на 18 јули 1953 година ќе се одржи во домот на Елвис во Мемфис, кој е претворен во туристичка атракција.

Плочата на која се песните My Happiness и That’s When Your Heartaches Begin е единствен примерок кој постои, а Елвис таа плоча ја снимил на 18 години. Иако се зборуваше дека плочата ја снимил како подарок за својата мајка, на крајот му ја дал на пријателот Ед Лик, кој тврдеше дека на пејачот му дал четири долари да го плати снимањето.

Интернетската аукциска компанија Invaluable.com проценува дека плочата би можела да биде продадена за 75.000 до 100.000 долари.

Меѓу предметите кои ќе бидат понудени на аукција се и првата возачка дозвола на Присли од 1952 година, потпишан договор за радио емисијата Луизијана Хајрајд од 1955 година и потпишан примерок на дебитанскиот сингл на Елвис за Sun Records, That’s All  Right.

Сите примероци се приватна сопственост и не припаѓаат на Грејсленд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top