| четврток, 6 декември 2018 |

Анкара го затвори теснецот Дарданели за танкери

dardaneliТурските власти денеска го забранија пловењето на танкери преку теснецот Дарданели, пред се, заради лошите метеоролошки услови, соопшти весникот на англиски јазик „Тудејс заман“.

Вкупно осум танкери денеска  не можеа да минат преку теснецот, а се очекува утре да продолжат по својата маршрута.

Теснецот Босфор останува отворен за движење.

Заради силниот ветар и големите бранови што денеска беа создадени истанбулската компанија која работи со таканеречените морски автобуси, откажа повеќе линии на фериботи што поврзуваат
различни делови на мегаполисот.

Заради силниот ветар турскиот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа вкупно 10 лета на внатрешните и надворешните линии од и до Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top