
Електронската пошта на „Гугл“ е блокирана во Кина откако неколку месеци беше отежната нејзината работа, а кинеско здружение за борба против цензурата смета дека за тоа е одговорен Големиот кинески огнен ѕид, софистициран интернет-систем за цензура
Oд петокот многу адреси на „џи-меил“ се укинати, објави кинеското здружение за слобода на говорот „Грејт фајр“ (GreatFire.org), а корисниците тврдат дека „џи-меил“ е недостапен и денеска.
– Мислам дека властите се обидуваат да го отстранат „Гугл“ од Кина и да го ослабат неговиот прекуморски пазар – вели членот на „Грејт фајр“, кој користи псевдоним.
Податоците на „Гулг“ покажуваат силен пад на електронската пошта од Кина.
– Проверивме и кај нас е сè во ред – изјави портпаролот на компанијата од Сингапур.
Сите услуги на „Гугл“ од јуни со тешкотиите се користат во Кина. Кинеското министерство за надворешни работи соопшти во понеделник дека не е запознаено за блокирање за „џи-меил“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


