| четврток, 6 декември 2018 |

Избори на 25 јануари?

goran-kol-12-samarasГрчкиот премиер Андонис Самарас денеска соопшти дека ќе побара предвремените парламентарни избори во Грција да се одржат на 25 јануари.

– Утре ќе побарам од актуелниот шеф на државата да го распушти Парламентот и да закаже предвремени парламентарни избори на 25 јануари – изјави Самарас по денешниот третиот круг на гласање на кој грчките пратеници не успеаја да изберат нов претседател на Грција.

Единствениот кандидат за нов шеф на грчката држава, Ставрос Димас, кој беше поддржан од партиите од владејачката коалиција, доби 168 гласа или 12 помалу од неопходните 180 за да биде избран.

Според анкетите на јавното мислење, на предвремените парламентрани избори најголеми шанси за победа има опозициската екстремно левичарска Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА). Партијата ветува дека ако дојде на власт, ќе го преразгледа договорот со меѓународните кредитори, што може да го загрози стабилизирањето на кревката грчка економија, која неодамна излезе од повеќегодишната рецесија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top