До крајот на ноември 2015 Агенцијата за катастар на недвижности планира да го заврши процесот на дигитализација на катастарските планови, односно цела територијата на Македонија да биде покриена со дигитални планови, кои освен што ќе ја забрзаат работата на катастарот истите ќе бидат од големо значење за општините и другите институции во државата, посочи директорот Славче Трпески на презентацијата на планираните проекти за следната година.
– До крајот на јануари 2015 година ќе се пушти во употреба Регистарот на цени на недвижности; До крајот на март 2015 ќе се реализира проектот ДМС -Документ менаџмент системот на Агенцијата за катастар на недвижности со кој ќе се заокружи целокупното електронско работење на катастарот; До крајот на април 2015 ќе се стави во Употреба Дистрибутивниот систем на катастарот преку кој ќе се овозможи обезбедување на Имотен лист, копии од катастарски план, уверение за движење на имотот, како и други документи граѓаните и бизнис заедницата да можат да го извршат по електронски пат од дома- се наведува во планот на агенцијата, каде активностите се поделени во месечни планови.
-До крајот на мај ќе се воспостави Владиниот геопортал за Националната инфраструктура на просторни податоци, 17 државни институции ќе се поврзат преку геопорталот, а нивните геопросторни податоци ќе бидат достапни за граѓаните и бизнис заедницата; До крајот на јуни ќе биде пуштен Регистарот на Градежно земјиште, во кој ќе се слеат сите донесени урбанистички планови, а преку системот ќе се подржи постапката за донесување на урбанистички планови, ќе може да се обезбедуваат податоци за видот и намената напредвидената градба, сопствениците на земјиштето и на многу брз и едноставен начин било електронски или на шалтер ќе се обезбедуваат условите за градба; До крајот на октомври 2015 ќе биде пуштен во употреба Адресниот регистер на РМ, кој ќе овозможи брза и ефикасна постапка за воведување на нови и промена на постојни адреси, на едно место во катастарот сите физички и правни лица ќе можат да ги обезбедат адресните податоци за било кој субјект во РМ; До крајот на Ноември ќе заврши процесот на Дигитализација на катастарските планови, целата територијата на РМ ќе биде покриена со дигитални планови, кои освен што ќе ја забрзаат работата на катастарот истите ќе бидат од големозначење за општините и другите институции; До крајот на декември очекуваме имателите на инфраструктурни објекти да запишат во катастарот и добијат имотен лист за над 30 проценти од подземните и надземните инсталации со кои располагаат- посочува Трпевски.
Катастарот ќе продолжи во текот на цела 2015 година да изработува бесплатни геодетски елаборати за примателитена социјална и постојна парична помош. Се очекува и следната година да прими преку еден милион предмети и истите да бидат решени во законски утврдените рокови, соопштуваат од Агенцијата за катастар на недвижности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Катастарски услуги за фирмите и институции од 1 октомври ќе се поднесуваат само електронски
-
Груевски: Директорот на Катастар прави димна завеса за да покрие голем скандал
-
Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот
-
Реформите на Македонскиот катастар претставени на конференција на Светска Банка во САД


