Употребата за дроги во Турција се зголемила за 17 пати изминатите три години, при што е зголемен и бројот на смртни случаи поврзани со дрога, се наведува во изештајот на полициската дирекција за борба против организираниот криминал.
Бројот на лицата кои починале како последица на конзумирање дрога се зголемил од 162 лица во 2013 година на 648 оваа година, се додава во извештајот.
Особено популарна дрога во земјата е бонзаи, синтетички канабиноид, непознат до пред четири години, но сега лесно достапен на црниот пазар во Турција.
Извештајот покажува дека жртвите на дрогата во земајта се претежно на возраст меѓу 25 и 29 години. Минатата година заради употреба на дрога животот го загубило 15-годишно дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.