| четврток, 6 декември 2018 |

Каде исчезнуваат малезиските авиони – сè уште нема трага од леталото на Ер Азија!

555200_air-azija-ap_ff

Индонезија утрово продолжи со потрагата по авионот на малезиската компанија Ер Азија кој леташе на релација Сурабаја-Сингапур, а исчезна над Јаванското море со 162 патници и членови на екипажот.

– Продолживме со потрагата по исчезнатиот авион. Тргнавме во правец на источниот остров Белитунг, изјави заменик шефот на оваа операција Татанг Заинудин за агенцијата АФП.

B5661_6CAAEbvFO

Се претпоставува дека авионот најверојатно се урнал, изјави потпретседателот на Индонезија Мухамед Јусуф Кала, додавајќи дека властите немаат информација за можното место за падот на авионот. Потрагата вчера беше прекината поради ноќта, а дополнителни компликации создава и лошото време, соопшти индонезиското министерство за сообраќај.

Помош во потрагата понудија и Сингапур, Австралија и Малезија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top