| четврток, 6 декември 2018 |

Екипи на МЕПСО работат на отстанување на дефектот, делови од Охрид добија струја

Eкипи на МЕПСО вложуваат големи напори да го санираат дефектот на енергетската мрежа кај Ресен. На самото место и на патот до дефектот според информациите има метар и половина снежни наноси. Очекувањата се дека околу полноќ ќе биде отстранет дефектот кај Ресен и регионот ќе добие струја.

На социјалните мрежи и порталите од Охрид веќе има рекации дека делови од Охрид добиле струја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top