| четврток, 6 декември 2018 |

Во ноќните часови врнежите од снег ќе се интензивираат, а утре не очекува многу студено време

Во вечерните и ноќните часови се очекува да се интензивираат врнежите од дожд, а во понеделник не очекува многу студено време со локален снег и голомразица.

Времето во Македонија е облачно, во западните делови со локални врнежи од снег со умерен интензитет. Попладне врнежите постепено ќе се прошират насекаде, во југоисточните делови ќе бидат од дожд и снег. Во вечерните и ноќните часови ќе бидат поинтензивни и ќе се формира нова снежна покривка. На планинските места ќе има значително зголемување на снежната покривка (од 20 до 40см) локално и повеќе со силниот ветер кој ќе услови и снежни наноси. Ќе дува умерен, долж Повардарието и на исток засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5 степени.

Висината на снежната покривка во Берово, Маврово и Виница е 9 см, во Крушево 8 см, во Битола и Охрид 7 см, во Лазарополе 4 см и во Прилеп 2см.

Во понеделник ќе се спушта многу студена воздушна маса од север со умерен до засилен северен ветер која во наредните денови ќе предизвика променливо облачно и многу студено време со локален снег и појава на голомразица. Денес и утре воздушниот притисок ќе има тенденција на значителна промена. (денес нагло ќе опаѓа, а утре нагло ќе расте и за повеќе од 10 мерни единици)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top