| четврток, 6 декември 2018 |

Вевчани нема струја, наврнаа 40 сантиметри снег

Попладнево општина Вевчани во мрак. Прекинато е електричното напојување во целата општина. Дали се работи за дефект или пад во мрежата не се знае, објави „Охриднет“. Случајот е пријавен во ЕВН пред три саати но од таму сеуште не презеле ништо. Граѓаните на општина Вевчани се жалат на индиферентниот однос на ЕВН, која со години не ги има решено проблемите во електричното напојување во општината.

– Редовно и навремено плаќаме сметки лани се заканивме и со граѓанска непослушност но ЕВН очигледно не го подобри односот кон нашата општина, велат вевчанци за Охриднет.

Тие бараат ЕВН итно да го реши проблемот со електричното напојување кој за жал редовно се појавува во општината. Инаку денес во општина Вевчани има околу четириесет сантиметри снег, во овие екстремни услови немањето на струја дополнитено го отежнува животот на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top