| четврток, 6 декември 2018 |

Снежна драма на Пресека: „Застава 101“ со летни гуми заглавила на патот, по него и камионот на „Македонија пат“, а има и бремена жена во колоната

Вистинска снежна драма се одвива од попладнево кај охридското село Ботун кај превојот Пресека во општина Дебарца. Поради обилните врнежи од снег има застој во нормалното одвивање на сообраќајот од 16 часот, а во долгата колона автомобили е заглавена и една бремена жена, објави „Орбис“.

prekin1

-Патот кај Пресека е затворен и е непрооден поради тоа што автомобил Застава 101 со прикола која има летни гуми го има заглавено патот , а поради тоа дошло до заглавување и на камионот на Македонија пат.Сообраќајот е во прекин, но Македонија пат го пушти другиот камион натоварен со песок да го одглави првиот камион и да го пробие патот, рекоа од Центарот за управување со кризи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top