Задолжницата да не биде задолжителна туку и натаму да се применува на доброволна основа како и досега, бара бизнис секторот. Ваквото барање на адреса на Владата стигнало од сите комори во земјава.
Инаку, задолжителната задолжница требаше да важи од први јануари за сите трансакции над 300.000 денари. На барање на бизнис секторот, примената беше одложена за три месеци, односно требаше да важи од 01.04 2015.
Сега, коморите бараат задолжницата да не стане задолжителна, туку субјектите да можат да ја применуваат само доброволно.
Целта на задолжницата е да се воведат нови правила во бизнисот за да не растат долговите на фирмите. Таа е инструмент за обезбедување на побарувањата. Барањето за задолжителна задолжница стигна од бизнис секторот и има за цел да овозможи нивно непрекинато работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.