| четврток, 6 декември 2018 |

Сингапур и Малезија се приклучија во потрагата по исчезнатиот авион на „Ер Азија“

er asia

Во зоната во која веќе се изведува операцијата на потрага по исчезнатиот Боинг на „Ер Азија“ Сингапур испрати воено-транспортен авион Ц-130  „Херкулес“, соопшти управата за цивилна авијација на Сингапур, цитирана од ТАСС.

– Ние на индонезиските колеги им понудивме помош во операцијата на трагање по авионот, вклучувајќи ја и воената авијација и морнарицата. Добивме барање за обезбедување еден авион – прецизира управата на цивилната авијација.

Во исто време министерот за транспорт на Малезија, Лиу Тонг Лај, изјави дека неговата земја ќе и помогне на Индонезија со три брода и авион Ц-130 „Херкулес“, што, според него, веќе се наоѓаат во зоната на потрагата.

Претставници на индонезиските власти и натаму продолжуваат со потрагата по авионот на „Ер Азија“ што летал од индонезискиот град Сурабаја за Сингапур, крај островот Белитунг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top