| четврток, 6 декември 2018 |

Службеници на аеродромот во Џакарта силувале патничка од Кина

Управата на меѓународниот аеродром во Џакарта денеска објави извинување по повод скандалот што се случил пред десетина дена, а жртва била патничка од Кина која наместо во авион двајца службеници на обезбедубањето ја однеле во хотелска соба блиску до аеродромот, ја дрогирале и силувале.

Скандалот бил откриен два дена по киднапирањето, кога хотелската послуга пријавила дека во нивниот хотел се слушаат викотници и за нив неразбирливи повици. Полицијата ја нашла кинескињата која со мимики им соопштила дека е силувана. Со преведувач, од кога ги прегледала фотографиите на сите вработени на аеродромот, таа ги идентификувала напаѓачите.

Според законот во Индонезија, силувачите може да бидат казнети со затвор до 12 години, а евентуалното финансиско обештетување аеродромската управа ќе го договори со правни застапници на силуваната жена која , како што е соопштено, во средата заминала за Пекинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top