Во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчера околу 18 часот на релација Бари-Улцињ во Црна Гора, најмалку едно лице загина, а 17 се повредени, кога автобус со 51 албански турист излтал од патот и се превртел.
Починатото лице е жена на 25 годишна возраст.
Албанските медиуми јавија дека албанските туристи биле на екскурзија во Дубровник, и дека најверојатно причина за несреќата е голомразица.
Повредените се сметени на лекување во црногорските болници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


