| четврток, 6 декември 2018 |

Роби Вилијамс е шеф на маркетинг на Фолксваген (видео)

Фолксваген групацијата планира да стигне до продажба од 10 милиони возила годишно и да стане најголем производител на автомобили во светот, а за тоа треба да помогне британскиот музичар Роби Вилијамс.

Германскиот автомобилски гигант почна соработка со Роби Вилијамс за цел промовирање на специјална „Клуб и Лаунџ“ серија што вклучува девет изведби на моделите Тигуан, Буба, Голф, Поло и Ап.

За промоција на новата серија избрен е слоганот „Колку добро ви звучи тоа?“, додека прелиминарната продажба во Германија почна на 18 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top