| четврток, 6 декември 2018 |

До 15 јануари ќе профункционира системот за отпрашување во „Макстил“

макстил

– Во периодот меѓу 12 и 15 јануари идната година „Макстил“ ќе го стави во функција системот за отпрашување и ќе почне производството во погонот „Челичарница“ што беше прекинато на 31 октомври годинава поради неисполнување на еколошките стандарди за добивање А-интегрирана еколошка дозвола – најави претседателот на одборот на директори на Макстил, Минчо Јорданов на денешната прес-конференција.

Како што рече, компанијата годинава ќе ја заврши со покриена загуба од 5,2 милиони евра со финасиските интервенции на акционерите за покривање на зголемените трошоци на работењето. Кумулираниот износ на загуби од почетокот на кризата во 2008 година, додаде, ќе достигне до 46.5 милиони евра.

– И покрај тешкотиите во работењето „Макстил“ ќе продолжи со инвестирање како за исполнување на еколошките барања, така и за подобрување наефикасноста и намалување на трошоците за работа. До година за таа намена ќе се вложат најмалку два милона евра – рече Јорданов, нагласувајќи дека во 17-годишното работење „Макстил“ има инвестирано повеќе од 50 милиони евра.

Како причина за тешкотиите во работењето ги посочи високата цена на природниот гас што ја плаќа компанијата и големите транспортни трошоци за железничкиот превоз.

– „Макстил“ плаќа и до пет пати повисока цена на гас од руските и украинските железарнци, а двојно повисока од европските. Цената на превозот со железница изнесува 12 евра по тон и е многу повисока од онаа во Русија. Ние не бараме финасиска помош од Владата за надминување на сосотојбата, туку бараме само понисики цени на енергијата и на транспортот – нагласи Јорданов.

Генералниот директор Иван Бановски посочи дека и покрај минимизираното производство на контилеани флемани слабови и изнуденото максимизирање на производството на шест шаржи во „Челичарницата“, „Макстил“ годинава произвел 187.991 тони што е за 6,4 отсто повеќе од планираните 176.700 тони челичен полуфабрикат за 2014 година. Покрај тоа, успеал да ги задржи и сите вработени без какво и да е задирање во нивните стекнати права од работниот однос.

– Не очекуваме ништо значајно да се случи на пазарот во 2015 година што не се случи во 2014 која беше исклучително тешка за металуршките компании. Затоа очекувме да оствариме производство од околу 200.000 тони што е слично на годинашново – рече Бановски.

За следната година, истакна, засега има нарачки за производство на девет до 10 илјади тони што е еквивалент на десетдневна работа на „Макстил“.

„Макстил“ 30 проценти од своето производство извезува во Грција по што следи САД со 10 до 15 проценти, а остатокот на производството речиси подеднакво се извезува во останатите земји од Европската унија. Од неодамна „Макстил“ е присутен и на пазарот во Турција кеде извезува речиси 10 отсто од своето производство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top