| четврток, 6 декември 2018 |

„Пред дождот” на Манчевски – повод за дебата на професори од Бразил и Холандија

unnamed

Култниот филм „Пред дождот” на Милчо Манчевски е навистина фантастично остварување, факт кој го потврдува дводневниот настан кој овој викенд ќе се оддржи во Кинотека на Македонија, а ќе биде посветен токму на овој филм поврзувајќи го со академска дебата на тема „Гледишта врз демократијата и човекови права”.

Гости на дебатата, која ќе биде од отворен карактер се Гианцрела Брунето од Бразил, писател, сценарист и продуцент на документарни филмови која моментално работи и престојува во Порто, а воедно е доктор на науки по етика и политичка филозофија и, Еверт ван дер Зверде од Холандија, Професор по социјална и политичка филозофија на универзитетот „Редбоунд“ во Нијмеген.

Агендата на дводневниот настан започнува на 27 декември во 16 часот со проекција на „Пред дождот”, по која ќе следува отворена дискусија на гостите со присутните. В недела со почеток во 17 часот ќе се оддржи еднодневен семинар посветен на теми од областа на демократијата и човековите права.

Настанот е во организација на Институт „Республика’, невладина организација посветена на развој на граѓанскиот сектор и негова активација и унапредување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top