| четврток, 6 декември 2018 |

Турција сака во ЕУ, но да биде во прва лига

турција

Турските лидери посветени се на членството во ЕУ и сакаат Турција да „игра во прва лига“ во Европа, наспроти несогласувањата во врска со турската опозиција – изјави денеска Етјен Мачупјан, главен советник на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот стремеж да се приклучи кон Унијата доби сериозен удар поради неодамнешната полициска операција на апсење на новинари и уредници во опозициски медиуми блиски до Фетулах Ѓулен, ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тоа доведе до затегнати односи меѓу Брисел и Анкара.

Мачупјан смета дека до раздор дошло поради немање разбирање за она што се случува во Турција.

Западните земји „не разбираат и не сакаат да разберат работи што се случуваат во Турција, рече советникот на турскиот премиер.

– Реџеп Таип Ердоган не може да ја замисли Турција да се наоѓа во втора лига. Тој сака да игра во прва лига, но како рамноправен партнер – рече Мачупјан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top