Четири лица на возраст од 17 до 20 години добија кривични пријави откако вчера на местото Томоско маало во атарот на село Зајас, нападнаа и ограбија таксист.
Како што соопшти полицијата, А.В., А.И., Р.З. и К.Н., сите од Зајас, го извршиле разбојништвото по претходен меѓусебен договор.
Тие најпрво физички го нападнале таксистот, го пребарале возилото марка „Опел-Астра“ и противправно одзеле 600 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.