| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виетнам ќе има автобуси само за жени

SONY DSC

Виетнамските власти соопштија дека ќе донесат прописи според кој на некои градски автобуски линии, во време кога вообичаено има турканици, ќе организираат превоз исклучиво за жени. Ова пред се поради се поприсутната појава на кражби и сексуално насилство во кои жртви се жените.

Овие автобуси прво ќе бидат привилегија на жителките на Ханој, а потоа ќе се воведуваат и во другите поголеми градови.

Во истражување направено во Ханој и Хо Ши Мин Сити од 2.046 испитани, дури 57 посто од жените на возраст од над 16 години изјавиле дека имаат негативни искуства и биле сексуално малтретирани на постојките и во автобусите во кои имало турканици.

Мажите во турканиците при чекањето, најчесто, не се воздржувале да ги допираат жените и им упатувале непристојни зборови.

На сексуално насилство се пожалиле и 31 отсто помлади девојки, кои кон училиште патувале со автобус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top