
Во Младинскиот културен центар (МКЦ), утре, петок 26.декември, ќе се оддржи долго очекуваниот поледен концерт на скопскиот бенд ХАХАХА. Ова ќе биде последен концерт во МКЦ за 2014 година.
ХАХАХА ќе го промовираат последниот албум, насловен „Сами мажи и жени“, но, нема да изостанат и хитовите од претходните два албума „Танго Револуционер“ и „Сиромашни и богати“.
Бендот ќе настапи во состав: Васко Атанасоски (гитара и вокал), Дени Крстев (гитара и вокал), Саша Павловиќ (бас), Кристијан Лафазановски (тапани).
Гости на вечерта ќе бидат МАРКО, Мазно ама не е од Битола и Aнна O. од Кочани.
Почетокот е закажан за 21:00, влезница на денот на концертот чини 300 денари.
Концертот ќе се одржи во „Денсинг салата – 25 мај“ во МКЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


