Доктор Ендрју Њуберг од болницата „Томас Џеферсон“ во Филаделфија веќе 20 години го проучува ефектот на молитвата на мозокот на своите пациенти и смета дека молитвата не е лек за рак, но дека може да биде многу корисно помагало на науката при лекувањето заболени од оваа болест.
– Од десната страна се наоѓа мозок на лице кое мирува и има значително поцрвена боја во однос на мозокот на лицето кое се моли – објасни доктор Њуберг покажувајќи ги снимките на неговиот мобилен телефон.
Тие промени, тврди Њуберг, се сигурни знаци дека молитвата има некоја исцелителна моќ.
– Од научна страна ги следиме овие промени во вид на различни мозочни активности, како и промени на хемиските соединенија кои се наоѓаат во мозокот – објасни Њуберг.
Тој нагласи дека мозокот е најважен орган во човечкото тело затоа што го контролира дишењето, работата на срцето, крвниот притисок, па на тој начин ефектите на молитвата можат да се пренесат на целото тело, а како краен резултат може да има лековити ефекти.
Сепак, скептиците тврдат дека тие промени немаат никакво лековито дејство, а и да има, дека не постои доказ дека се ефекти од молитвата.
– Вашиот мозок реагира и кога јадете чоколадо, посреќни сте, скептичен е доктор – Ричард Слоан.
Тој, исто така, објасни дека религијата дава утеха на пациентите во стресни ситуации и предупреди дека не треба да се потпираат на верата како некој „семоќен вселенски лек“.
Од друга страна, Њуберг смета дека религијата и медицината треба да соработуваат.
– Ние сме свесни дека религиијата не е лек за рак и дека нема да го излечи пациентот од болно срце, но можеме да им советуваме на верниците да се молат за да се чувствуваат подобро – изјави Њуберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…
-
Мајчина молитва: Овие зборови секоја мајка треба да ги знае за добро на своите деца
-
Моќна молитва против лоши мисли
-
Ако сте пушач, три капки од ова масло ќе направат чуда за вашите бели дробови