| четврток, 6 декември 2018 |

Индонезија во наредните три години ќе има годишен пораст на БДП од седум проценти

раст

Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, најави дека во следниве три години економијата на Индонезија ќе има годишен пораст од седум проценти. Тоа значи дека по две години оваа 250-милионска држава ќе остварува приходи од над илјада милијарди долари, бидејки годинешниов БДП ќе биде над 800 милијарди.

Првите коментари на најавите за ваков економски пораст аналитичарите ги оценија како многу реалистични, а многумина потсетија дека во четиригодишната кариера на Видодо како гувернер на Џакарта тој секогаш давал економски прогнози што постојано биле надминувани.

Во последниве десет години економскиот пораст на Индонезија се движеше меѓу 4,5 и 6,5 проценти. Ваквиот развој не беше доволен да се надмине сиромаштијата, а, исто така, не обезбедуваше доволно нови работни места за над три милиони нови млади луѓе, кои доаѓаа на возраст во која се бара работа.

До 2018 година во Индонезија треба да бидат завршени големите инфраструктурни проекти и ќе се изградат енергетски капацитети со моќност од над 50.000 мегавати. Тоа ќе е основа за натамошен економски пораст на државата, која сè уште има огромни минерални и рудни резерви и веќе солидна индустриска база.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top