
-Тутунарите да посветат посебно внимание при домашната манипулација со тутунот и неговата подготовка за откуп, да се потрудат да ја отстранат влагата за да добијат класа повеќе при проценката – порача денеска советникот за тутун во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Алириза Елези.
По посетата на пунктовите во Струмичко, Елелези нагласи дека откупот се одвива во рамки на пропишаните норми, без поголеми проблеми во динамиката, но проблем и натаму претставува влажноста на тутунот.
– Ги посетивме сите 16 откупни пунктови во Струмичко и можеме да констатираме дека откупот се одвива нормално. Проблем се уште е влажноста на тутунот, но задоволува фактот дека во секој пункт има инструмент за нејзино мерење – изјави Елези.
Тој ја нагласи потребата од поголема евиденција на откупениот тутун со цел добивање реални бројки за евентуалниот вишок по откупот на договорените количини.
Според претсеателот на Сојузот на земјоделците Никола Стаменов, врнежливата година влијаеше на квалитетот на тутунот кој е послаб во однос на изминатите 20 години.
– Годинава.влажноста го стори своето. Имаме квантитет, но квалитетот е послаб. Затоа апелирам да се стоори се, тутунот кој е за продажба да содржи што е можно помалку влага – рече Стаменов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


