| четврток, 6 декември 2018 |

Благица Павловска: Покрај себе го имам човекот на мојот живот

Годината што измина беше плодна на музички план за една од најпознатите македонски фолк-пејачки Благица Павловска. Иако ќе ја памети и по многуте сработени песни, 2014 година за Павловска, како што ни откри таа, ќе остане во сеќавање како една од најубавите години во нејзиниот живот.

Изминатата година ќе ја памтам по љубовта, по новата љубов што ми ја донесе Бога. Се надевам дека ќе биде најубав дочек на Нова година бидејќи не сум сама повеќе, туку покрај себе го имам човекот на мојот живот – изјави Павловска за „Република“.

Пејачката ни откри дека следната година нема да е толку активна на сцената.

Еден период нема да бидам тука, ќе бидеме надвор од државата. Но, сепак, мислам дека… не мислам, туку сум сигурна дека следната година ќе ми биде многу плодна, финансиски плодна. Ќе биде интересна – вели Благица.

Пејачката со својот нов партнер присуствуваше на промоцијата на првиот заеднички албум на сопружниците Наум Петрески и Зуица Лазова.

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top