
Македонската филхармонија на ексклузивниот празничен концерт вечер во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе и понуди на публиката дел од најдобрите џез-композиции, големите хитови и џез-класици, аранжирани за симфониски оркестар и вокал.
Оркестарот ќе го води Емин Џијан, заслужен за аранжманите на некои од композициите, а солист е вокалистката Марија Димитријевиќ.
На концертот ќе бидат изведени џез-хитовите „Take five“, „Love Me or Leave Me“, „Sing, Sing, Sing“, „Winter wonderland“, „Let it Snow“, „Stardust“, „Smile“, „Night and Day“, „I’ve Got You Under My Skin“, „Let’s dance“, „But Beautiful“…, на големите џез-автори Пол Дезмонд, Кол Портер, Џул Стајн.
На сцената на Македонската филхармонија во ново руво ќе заживеат и композициите на Нина
Симон, Ела Фицџералд, Чет Бејкер, Френк Синатра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан


