Во сообраќајна незгода која утрово се случила на улица „Бутелска“ во скопско Радишани две лица се повредени, а оштетени се дури шест возила.
Од МВР велат дека од засега непознати причини автомобил „опел зафира“ со скопски регистарски таблици управуван од 26-годишниот Д.М се превртел на патот и удрил во паркирано возило „рено“ со охридски регистарски таблици и уште пет други паркирани возила.
Со телесни повреди се здобиле Д.М и неговиот совозач Е.А. (22) од Скопје и истите се пренесени во билницата „Наум Охридски“.
Полицијата врши увид на местото на настанот.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


