| четврток, 6 декември 2018 |

Вработен во битолската Пошта е уапсен за грабежот

policija-stop

Полицијата привела вработен во битолската Пошта под сомнение дека ја извршил кражбата на сефот, во кој имало повеќе од два милиона денари.

Според полицијата, натамошната истрага вклучува и претходни сознанија и треба да утврди дали постои поврзаност со грабежот што се случи викендот, а беше откриен во понеделникот наутро. Kрадците успеале да влезат до местото каде што се чуваат парите, го скинале синџирот на металната двокрилна влезна врата од дворното место и го однеле сефот сосе парите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top