| четврток, 6 декември 2018 |

Што е љубов според децата

Понекогаш и возрасните не знаат што да одговорат прашањето што е љубов, но следуваат некои генијални одговори дадени од деца:
­

– Кога мојата баба дозна дека е болна од артритис, веќе не можеше сама да си ги лакира ноктите. Затоа за неа тоа го прави мојот дедо, дури и сега кога и неговите раце се болни од артритис. Тоа е љубов – вели Ребека (осум години).
­

– Кога некој те сака, начинот на кој го кажува твоето име е поинакво. Некако знаеш дека твоето име е безбедно во неговите усни – вели четиригодишната Били.
­

– Љубов е нешто што те тера да се насмееш и кога си многу уморен – вели Тери (четири години).
­

– Љубов е кога мојата мајка ќе му направи кафе на мојот татко, но го пробува кафето пред да му го даде филџанот за да биде сигурна дали е вкусно – вели Дени (седум години).
­

– Љубов е кога постојано се бакнувате. Тогаш кога ќе се уморите од тоа, уште сакате да бидете заедно за да си зборувате. Мојата мајка и татко се такви, изгледаат одвратно кога се бакнуваат – вели Емили (осум години).

– Ако сакате да научите да сакате подобро, почнете од лицата што не ги сакате – Ника (шест години).

– Љубов е кога на момче ќе му речете дека има убава блуза, а тој потоа ја носи секој ден – вели Ноел (седум години).
­

– Љубов се стара жена и стар човек, кои и сè уште се пријатели, иако толку добро се познаваат – објаснува Томи (шест години).
­

– За време на една приредба стоев на бината и бев преплашена. Погледав во публиката и го видов мојот татко кој се насмевна и ми мавна. Само тој го направи тоа. Веќе не бев уплашена – рече Синди (осум години).
­

– Љубов е кога мама најдоброто парче пилешко му го дава на тато – вели Илејн (пет години).
­

– Љубов е кога мама му вели на тато дека е поубав од Џорџ Клуни иако е испотен – вели Крис (седум години).
­

– Знам дека мојата постара сестра многу ме сака, затоа таа секогаш ми ја дава нејзината облека, а потоа таа мора за себе да си купи нова – вели Лорин (четири години).
­

– Кога сакаш некого, твоите трепки се мрдаат горе­-долу и од тебе излегуваат ѕвездички – вели Карен (седум години).
­

– Навистина не треба да му кажете на некој дека го сакате, ако тоа навистина не го мислите. Но ако го сакате, кажувајте му го тоа почесто. Луѓето тоа го забораваат – вели Џесика (осум години).
­

– Љубов е кога кучето ти го лиже лицето, иако цел ден сте го оставиле само – вели Мери Ен (четири години).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top