Полициите на Македонија, Австрија, Германија и Холандија, во координација на Европол, разбија мрежа за шверц на хероин, која дејствувала претежно во Македонија.
Истрагата се водела од 2010 година, соопшти европската полициска служба Европол. Во рамки на операцијата се уапсени близу 400 осомничени лица. Кoнфискувани се 100 килограми хероин, како и кокаин, канабис и пари.
Kриминалната група која шверцувала хероин дејствувала од нејзината база во Македонија, но и од Австрија и од Германија, а дрогата низ Балакнот и преку Словенија ја внесувале во земјите од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.