| четврток, 6 декември 2018 |

„Палиндром“ ќе го објави своето дискографско деби „Coalesce“

Во среда, (24 декември ), скопското трио „Палиндром“ ќе го објави своето дискографско деби „Coalesce“, во издание на Ако никој не свири.
За истиот ден во La Kaña (Стара Чаршија), од 21ч. е закажана концертна промоција на која ќе биде отсвирено ова издание (во целост), а бендот ќе претстави и дел од новиот материјал на кој работат од неодамна. Промоцијата ќе биде и можност да се набави „Coalesce“ во ЦД формат, по промотивна цена.
Palindrom - Coalesce EP cover
„Coalesce“ е издание во макси-сингл (ЕП) формат и содржи 4 песни кои бендот ги реализирашена 17 и 18јуни 2014 во студиото marryPhat на Ивица Јанкуловски, кој беше задолжен за снимањето и пост-продукцијата, додека како продуценти се јавуваат Дени Омерагиќ и Палиндром. Дизајнот на омотот е дело на Филип Букршлиев.
Палиндроме формиран во скопската населба Чаир од страна на Ерик Омерагиќ (бас), Андреј Игњатовски (бас) и Кристијан Новковски (тапани). Трите различни креативни личности резултираат со еден разноврсен стил, во кој можат да се насетат елементи на noise, стонер-рок, денс-панк, пост-рок и слободна импровизација. Сите овие стилски насоки се адаптирани на невообичаениот состав (од две бас гитари), со што се добива еден уникатен звук кој постојано еволуира.
Кратките и често криптични наслови се често единствениот показател на тематиката на бендот. Вообичаено насловите се произлезени од околината во која се конципирани (во најголем дел една чаирска гаража), за потоа да се развијат во конструкции кои често не се јасни сами по себе, ниту пак директно поврзани со првобитната замисла, туку се согледливи во поголемата слика за бендот и местото од кое произлегуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top