Денеска во 12 часот, во просториите на Библиотеката „Јане Сандански“ во населбата Аеродром, ќе се одржи Средба со македонските автори кои творечкиот опус го посветиле на литературата за деца и младинци.На средбата ќе присуствуваат и ученици од основните училишта од општината Кисела Вода.
Настанот е дел од кампањата 20 причини да избереш книга и читањеорганизиранаод Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ која започна во февруар 2014 година во Централната библиотека и се одржуваше еднаш месечно во другите централни библиотеки и библиотечни клонови, со цел да се развие свеста кај учениците за читање на македонски автори.
Учениците и писателите ќе дефинираат 20-те причини да се избере книгата и читањето, како насока во одбирањето на вистинскиот пат на една здрава млада личност. Дефинираните 20 причини ќе бидат запишани и пренесени на рекламен матерјал со кој се заокружуваКампањата за популаризација на македонската детска литература, организирана од Градската библиотека во соработка со Министерството за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.