Исмар Месихович од Добој во Босна и Херцеговина, го киднапирал својот тригодишен син и го однел во Сирија кон крајот на декември минатата година. Тој во борбите го изгубил својот живот, а мајката Лидија, Кубанка која живее во Италија речиси една година не знаела дали детето и е живо.
Фотографијата на едно дете со светла боја на косата, со митролез во раката, која кружи на социјалните мрежи повторно и ја вратила надежта на Лидија дека нејзиниот син се уште е жив.
Тригодишното дете сега е во рацете на џихадистите.
Италијанската полиција потврдила дека Исмар Месинович бил регрутиран од страна на џихадистичка мрежа од Италија, која била во тесна врска со Билал Боснич, кој во септември годинава беше уапсен во Сараево.
– Убедена сум дека тоа е мојот син. Ист е. Ве молам одведете ме кај него – рекла Лидија кога ја видела фотографијата.

На фотографијата која е направена од позиција на фронтот јасно се гледа дете од четири години, облечено во црн блузон, со пушка преку рамото и со лента на борците на Исламската држава како оди на чело на сирискиот фронт.
Карабинерите од Падова веќе со месеци истражуваат мрежа на лица кои се задолжени за регрутирање борци во Сирија во италијанскиот регион Венето.
Полицијата не може со сигурност да тврди дека детето од сликата е токму Исмаил Месинович.
Исмар, од БиХ дошол во Италија, каде работел како молер и живеел со сопругата Лидија.
Лидија не сакала да ја промени својата вера со ислам, пренесуваат италијанските медиуми.
Исмар својот син прво го одвел во Германија, каде живеат неговите родители, а потоа сите заедно требало да одат во Босна. Наместо тоа, Исмар својот син го одвел во Сирија.
Од тогаш Лидија не добила ниту една конкретна информација за животот на својот син. Од време на време добивала „смс“ пораки во кои пишувало дека Исмаил е добар.
Последната порака ја добила од Македонецот Мунифер Каламеск, кој бил пријател на Исмар и кој исто така им се придружил на борците во Сирија.
Во пораката пишувало само: „Исмаил е добар“.
Човекот кој на сликата со Исмаил стои зад него е Саид Чолич, џихадист ветеран, исто така со потекло од Босна, потврдила италијанската полиција.

И Чолич и Месинович биле во контакт со Билал Боснич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



