Со стапување на сила на Законските измени кои предвидуваат плаќање придонеси за хонорарните работници ќе се елиминираат голем број проблеми во држава, нагласуваат од Министерството за труд и социјална политика, наспроти ставовите на денешните учесници во протестот на граѓани насочен против измените во законот за хонорарци со кои се предвидува плаќање придонеси за пензиско и за здравствено осигурување и за хонорарците. За разлика од учесниците во протестот кои сметаат дека со воведувањето на задолжителното плаќање придонеси и за хонорарците дополнително ќе се осиромаши најзагрозениот дел од работниците, кои не можејќи да најдат редовно вработување се принудени да работат за хонорар, од МТСП велат дека оваа владина мерка предвидува договорите за дело и авторските договори да влезат во системот на задолжително осигурување, односно да се плаќаат придонеси и за лицата ангажирани на ваков начин, има за цел да ја зголеми социјалната сигурност на граѓаните, да се заштитат работничките права, да се создадат услови секој работник да биде платен за работата што ја работи,и да му бидат платени придонесите од задолжително социјално осигурување.
– Оваа мерка е насочена кон заштита на работничките права, кон поголема социјална сигурност на работниците и кон давање на права и можности работниците да бидат осигурени, односно да бидат дел од задолжителното осигурување. Во голем број европски држави е воведено задолжително социјално осигурување за „фриленс работниците“ и оние кои работат врз основа на различен вид договори. На ваков начин нивната социјална сигурност ќе биде поголема, ќе имаат можност во иднина да остварат старосна пензија – велат од МТСП.
Оттаму додваат дека ако на овие работници не им се плаќаат придонесите лицата нема да може да остварат пензија, ниту пак осигурување при повреда, ниту право на здравствено осигурување, ниту кое било право што го имаат работниците кои се дел од системот на задолжително социјално осигурување.
– Исклучоците кои се прават врз основа на авторски договор и договор за дело се однесуваат само на пензионерите кои имаат авторски договори за дело. Сите останати кои остваруваат приходи по основ на вакви договори ќе плаќаат социјални придонеси и за авторските договори. Самите исклучоци кој не влегува во системот или, пак, за кои се веќе платени придонеси се наведени во Законот за задолжително социјално осигурување.
Сите кои имаат такви договори ќе плаќаат и социјални придонеси -објаснуваат од МТСП.

Сите избрани и именувани лица односно носители на јавни функции којшто ќе остварат дополнителен приход, по основ на авторски договор или договор за дело исто така подлежат на задолжително плаќање на социјални придонеси за сумата којашто ја оствариле, што значи дека и избраните лица, односно функционерите се опфатени со мерката воведување во задолжително социјално осигурување на приходите стекнати по основ на авторски договор и договор за дело.
– Со законските измени спречуваме да одредени работници да работат а да не им се плаќаат придонеси и да не можат да остварат никакви права. Ја отстрануваме можноста да одредени бизнис интереси и работодавачи кои се грижат само за сопствениот профит на таа сметка да манипулираат со работниците. Со овие измени ќе се спречи манипулативната појава така што на дел од платата на работниците да им се плаќаат придонеси, а на останатиот дел да им се исплаќа хонорар преку авторски договор или договор за дело- велат од МТСП
Македонија има најниски стапки на социјални придонеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.