Со гол во последната минута од судиското продолжение, играчите на Галатасарај победија во осминафиналето од Лигата на шампионите против Шалке во Гелзенкирхен со 3-2 и по нерешениот резултат на првиот меч (1-1) одат на мегдан со најдобрите осум екипи во Европа.
Шалке губеше со 1-2 по првото полувреме, а во вториот дел имаше неколку одлични шанси. Сепак, пред сè благодарение на одличните одбрани на голманот Муслера, Турците ги продолжуваат натпреварите во ЛШ. Нојштатер му донесе предност на домаќинот од 1-0, со погодок во 17. минута, а Галатасарај направи пресврт и со головите на Алтинтоп во 37. и на Јилмаз во 42. минута си направи солидна резерва, пред решавачките 45 минути. Бастос донесе надеж за Шалке со реализација во 62. минута, тимот од Гелзенкирхен притисна за победа и пласман понатаму, но наместо да дадат, примија гол. Булут во контранапад погоди од втор обид пред последниот судиски свиреж за големо славје на турскиот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


