| четврток, 6 декември 2018 |

Атина: Евакуирана зградата на опозициската Сириза по закана за бомба

­ Централата на грчката опозициска партија Сириза денеска беше евакуирана откако беше добиена бомбашка закана, само еден ден пред вториот круг од изборите во парламентот за претседател на државата, што може да предизвика предвремени избори.

Претставници на партијата потврдија дека канцелариите во центарот на Атина биле испразнети, но немало знаци на паника меѓу партиските лица и полицијата.

Лажните бомбашки закани се чести во Грција, каде што, пак, и малите експлозии исто така не се реткост, јавуваат западни медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top