Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на отворената владина седница зборуваше за работите на трите автопатишта кои се во изградба, истакнувајќи дека во моментов нема никаков застој на Коридорот 10.
– Сакам да спомнам дека на трите автопати во моментов во Република Македонија работат околу 1.500 лица или 1.452, од кои 1.093 се македонски граѓани. Голем процент градежни работници се од Македонија. На двата автопатишта кои се со помош на Ексим банката, некаде над 80 % се македонски градежни работници. Само на патот на Коридорот 10, односно Демир Капија, Смоквица околу 200 – изјави Јанакиески.
Тој додаде дека за 2015 година на почетокот се планира 120 градежни работници дополнително да бидат ангажирани само на Кичево-Охрид и околу 110 на Скопје-Штип, а во периодот април, мај, плус уште 250 само на овие два автопатишта ќе бидат ангажирани.
– Има доста странски градежни работници на Коридорот 10, бидејќи се работи во моментов на изградба на мостови, пред сѐ, за тоа се ангажирани околу 210 странски државјани кои работат на изградба на мостовите, бидејќи во Република Македонија нема квалификувани лица кои работат на високи мостови. Во однос на Коридорот 10, сакам да истакнам дека во моментов се завршени 53% од градежните работи, се работи на скоро сите мостови и тунелите се целосно пробиени – заклучи тој.
Министерот изјави дека изградбата оди во согласност со предвидената динамика, нема никаков застој на Коридорот 10 и нема некои поголеми проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.