Два гола на Меси, еден на Виља и последниот на Жорди Алба, за голема победа на Барселона од 4-0 над Милан, вечерва на „Камп Ноу“, со што со вкупни 4-2, Каталонците минаа понатаму и ќе го чека противникот во четвртфиналето на жрепката закажана за в петок.
Барселона е петтиот четвртфиналист во Лигата на Шампионите откако вечерва прикажа маестрална игра против Милан, кој во првото полувреме не ја искористи единствената шанса по ударот на Нианг што заврши во дирекот. Ниту еден клуб досега во ЛШ, не успеал да анулира негатива од два гола од првиот меч, а притоа да не постигнал погодок. Сефте направи Барса вечерва со блескава игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


